Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.02.2017, 09:59

Објавено писмо до Обама од организаторот на нападите на 11/9 на кулите Близначки

Писмо на Халид Шеик Мохамед, кој се смета за главен организатор на нападите од 11 септември 2011 беше објавено во САД во весникот Мајами хералд.

Во писмото адресирано до поранешниот претседател Барак Обама се упатуваат обвиненија за Вашингтон и се објаснуваат причините за нападите. Мохамед го напишал писмото во јануари 2015 година, но затворот во Гвантанамо не го испратило до Обама. Во септември 2015 година службениот адвокат подал молба за испраќање на писмото до примачот. По една година судија одлучил да даде дозвола и тоа се случило во моментите кога Обама „ги пакувал куферите од Белата куќа“.

Писмото има 18 страници. Мохамед се обраќа до Обама како „глава на змијата“ и претседател на државата „на гневот и тиранијата“.

– На вашите раце се уште е крвта на нашите браќа, сестри и деца убиени во Газа, нагласува затвореникот. Според адвокатот, Мохамед почнал да го пишува во 2014 година за време на воена операција на Израел во Појасот Газа.

Во однос на нападите од 11/9, Мохамед пишува: На 11 септември ние почнавме војна против вас. Тоа го направивте вие самите и вашите диктатори во нашата држава.

Во писмото тој наведува долг список со воени интервенции на САД – од Ирак до Виетнам и Хирошима. Мохамед вели дека „никогаш нема да моли за милост кај Американците“

– Со радост ќе останам сам во келијава и ќе го молам Алах да ми ги прости гревовите. Ако вашиот суд ме осуди на смрт со уште поголема радост ќе се сретнам со Алах и пророците, ќе ги видам добрите пријатели кои неправедно ги убивте во светот и ќе се видам со шеик Обама бин Ладен“.


Текстот е прочитан 1752 пати.
#
Путин е најбогатиот човек на светот?
Имигранти цела ноќ дивееја во Стокхолм
Сорос со своите милијарди ќе прави долготрајни протести против Трамп
„Брајтбарт“ стана трет најчитан информативен Интернет медиум во САД
„Брајтбарт“ открива: Сорос со своите милијарди планира долготрајни протести против легално избраниот претседател Трамп
Масовни протести против Еди Рама
Путин ќе ги зближува КГБ и ЦИА
Опозицијата на протест пред Собранието на Црна Гора
Ротшилд ќе ја спасува Грција од банкрот
Поп сакал да го отруе владиката

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter