Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 13:22

ПРЕСТИЖНИОТ МОДЕН МАГАЗИН "ХАРПЕРС БАЗАР" СЛАВИ 150 ГОДИНИ

Најмодерните жени во светот

На листата има холивудски актерки, музички икони, модни дизајнери, стилисти, најпопуларните дами на Инстаграм и други модно влијателни жени

САД - Мадона, Ема Стоун, Вилоу Смит и првата дама Мишел Обама се дел од вкупно 150 жени избрани од уредниците на "Харперс базар" за најмодерни на светот. Списанието ја состави оваа листа за прв пат по повод 150-годишнината од постоењето, рече главната уредничка Гленда Бејли. Мадона ја краси насловната страница како претставничка на групата за февруарското издание. На листата има холивудски актерки, музички икони, модни дизајнери, стилисти, најпопуларните дами на Инстаграм и други модно влијателни жени.
Ѕвездите секако преовладуваат: Ријана, Кејт Мидлтон, Љу Вен, Кристен Стјуарт, Каја Гербер и мајка $ Синди Крафорд, Бијонсе, Зендаја, Наоми Кембел, Ким Кардашијан-Вест, Леди Гага, Тејлор Свифт, Адел, Гвен Стефани, Рајли Кео, Лупита Нјонго, Амал Клуни, Џиа Копола, Синди Шерман, Рупал Пател и Оливија Палермо.



Уредниците на списанието "Херст" од целиот свет што има 32 изданија ширум светот гласаа за нивните фаворити.
"Нашите листи се состојат, горе-долу, од истите луѓе", рече Бејли. "Овие жени се познати по нивниот стил ширум светот, а сите имаат различни стилови и ја поттикнуваат индивидуалноста".
Списанието планира да одржи коктел забава по повод годишнината и да им оддаде почит на наведените на листата истиот викенд кога ќе се одржи доделувањето на наградите на Здружението на филмски актери. Планирани се низа настани во знак на одбележување на 150-годишнината на "Харперс базар".


Текстот е прочитан 1256 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter