Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.02.2017, 10:24

Памела Гелер: Сорос поттикнува судир меѓу САД и Русија со потплатување политичари

Инцијативата за покренување на војна со информации против Русија има отпечатоци на Џорџ Сорос на себе, тврди американска новинарка Памела Гелер.

Гелер, која е и претседател на организацијата „Американ фридом дифенс“ вели дека Сорос сака да спречи приближување на Русија и САД.

Изгледа дека американските политичари продолжуваат со своите напори против државните органи на САД, а пред се, Русија.

Дејли бист објави дека се издвоени 160 милиони долари за организацијата „Глобал енгејџмент сентр“ (GEC) за водење на странски пропаганди, дополнителни 100 милиони ќе бидат потрошени за поддршка на „обејктивно руско новинарство, контирање на „лажни вест““ и истражување на поддршката за ефекти од информационото војување.

Памела Гелер истакнува дека глобалистичкиот естаблишмент на САД ги вложува сите напори да спречи потенцијален договор меѓу Вашингтон и Москва.

„Ова е можеби затоа што гледаат на Путин како сериозна закана на нивниот глобалистички интернационален програм“, истакнала таа.

Таа посочила дека рускиот претседател „помогнал Русија да ја врати својата национална гордост“. Таа рекла дека, ако истата работа се случи во Европа и САД, сите напори на глобални нивоа ќе бидат поништени.

„Ова настојување да се искоренат таканаречените лажни вести го финансира Џорџ Сорос“, истакнала Гелер и додала „јасно е дека Сорос сака да спречи зближување на САД и Русија и соработка во борба против тероризмот“.

Таа се сложила дека американскиот милијардер можел да стои зад неодамнешните протести против Трамп во САД.

Американскиот новинар и геополитички аналитичар Гилберт Мерсиер дели сличен став. Во своето неодамнешно интервју за Спутник, тој истакнал дека протестите против Трамп се професионално оркестрирани.

Тој смета дека Сорос и неговите либерални колеги имаат вмешно раце во движењата против Трамп.


Текстот е прочитан 1049 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter