Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.02.2017, 13:24

ОТКАКО ИНВЕСТИТОРОТ ГИ ИГНОРИРАЛ РЕШЕНИЈАТА ЗА СТОПИРАЊЕ

Центар ќе ја урива дивоградбата на "Самоилова"

Се прават пресметки за тоа колку ќе чини уривањето, а кога ќе бидат готови Општината ќе побара асистенција од полиција за да почне со уривањe

пштина Центар ќе ја урива дивоградбата на аголот на улицата "Самоилова" и булеварот "Никола Карев". На уривање општинарите се одлучиле откако утврдиле дека инвеститорот не ги почитува веќе донесените решенија за стопирање на градбата која веќе има приземје и еден кат.
Уривањето на објектот го најави градоначалникот на Општина Центар на последната седница на Советот.
"Будно ја следиме состојбата со дивоградбата на 'Самоилова' и ги преземаме сите мерки како и за другите дивоградби. Во моментов се прават пресметки за тоа колку би нè чинело уривањето, а кога ќе ја имаме бројката, ќе побараме и асистенција од полиција", најави градоначалникот Жерновски.
Инвеститорот кој за Општината е непознат, не ги почитувал решенијата донесени од Општината. Инспекторите ја забележале градбата уште кога била на ниво на широк ископ. Донеле решение теренот да се врати во првобитна состојба оти инвеститорот нема одобрение за градежните активности. Решението никој не го примил, а инвеститорот продолжил со градење. По поставувањето на темелите, во декември лани, инспекторите донесоа решение за стопирање на градбата, и го запечатија градилиштето
откако инвеститорот не се одзвал на ниту една покана да се појави во Општината што му ја оставале на градилиштето.
По запечатувањето на градбата, од Центар информираа дека инвеститорот мора да престане со сите градежни активности и да ја отстрани градбата. Доколку не го испочитува, според ингеренциите, општинската инспекција може да го направи тоа, а трошоците да ги плати инвеститорот. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 4630 пати.
#
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"
И Советот на Центар изгласа стопирање на улицата на Кеј 13 Ноември
Пролет значи нова ера
Стопирана изградбата на улицата на кејот
Паркот Жена-борец првпат ќе добие прскалки
Со зеленило против загадувањето
Катадиоптри за подобра видливост во Ѓорче Петров
Пролетна акција на јавните претпријатија во Ѓорче

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter