Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.03.2017, 14:52

Нетанјаху ќе го убедува Путин да не пушта ирански војници во Сирија

ИЗРАЕЛ - На претстојната средба со Владимир Путин, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се обиде да го убеди рускиот претседател да не дозволи постојано иранско воено присуство во Сирија.

"Иран се обидува воено да е присутен во Сирија, на копно и по море и постепено да отвори фронт на Голанската Висорамнина. В четврток во Москва пред Путин ќе го изложам цврстото спротиставување на Израел на таквата можност", изјави вчера кабинетот на Нетанјаху.
За време на Шестдневната војна во јуни 1967 година Израел зазема дел од Голанската Висорамнина што беше територија на Сирија, а во 1981 година присвои 1.200 километри квадратни од тој регион. Анексијата не е признаена од меѓународната заедница и таа територија се уште се смета за сириска. Околу 510 километри квадратни од Голанската Висорамнина се под контрола на Сирија.
Израелски официјални претставници постојано го критикуваат присуството на иранските војници и нивните сојузници од либанското движење Хезболах, во Сирија. Тие се борат на страната на режимот на Башар ал Асад.
Израел и Русија минатата година договорија координација за избегнување на судири меѓу израелски и руски авиони во сирискиот воздушен простор.


Текстот е прочитан 1100 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter