Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.03.2017, 10:09

МАКЕДОНЕЦОТ ВАНЕ ЦРНГАРОВ ОД АВСТРАЛИЈА ЌЕ ПЕЕ НА ФЕСТИВАЛ ВО САД ВО ЧЕСТ НА КРАЛОТ НА РОКЕНРОЛОТ

Ване од Куклиш ќе биде Елвис Присли во Лас Вегас

Ване Црнгаров (32), од селото Куклиш, Струмичко, кој живее и работи во Мелбурн, Австралија, е една од многуте копии на Елвис Присли, и како таков летото ќе настапи на фестивал во Лас Вегас, САД, посветен на ликот и делото на кралот на рокенролот. Ване на фестивалот ќе се натпреварува заедно со уште 24 пејачи од светот, кои го почитуваат ликот и делото на Елвис и личат како него.

- Во 2007 година настапив на традиционалниот фестивал во неговото родно место Мемфис во САД. Како музичар и следбеник на делото на кралот на рокенролот се натпреварував со песните на Елвис, но со македонски акцент. Бев еден од 72 натпреварувачи од целиот свет на фестивалот, кој се одржуваше во Тупело, Мисисипи. Но, овој пат е сосема нешто друго. Поводот за фестивалот е 40 години од смртта на Елвис, а во Лас Вегас е, бидејќи Елвис најмногу настапувал таму. Ќе настапам со пет песни и тоа "Во гето", "Секогаш си во моите мисли", "Сини кадифени чевли", "Не можам а да не се заљубам" и "Да живее Лас Вегас". Специјално од Америка нарачав костум и тоа од истите шивачи кои тогаш шиеле за Елвис, работат и денес. Наградата за победникот е 13.000 американски долари - вели Ване.
Ване по професија е музичар и во Мелбурн пее и свири македонска музика. Уште додека бил во Македонија низ рестораните постојано ја пеел "Сега или никогаш“ и на секоја изведба присутните велеле - Го гледате ли Елвис! И во 2007 и сега, Ване е единствениот Македонец, кој воопшто учествувал на овој фестивал.
- Да бидам искрен кога во 2007 година го пратив цедето и фотографијата на конкурсот во Тенеси не очекував ништо. Бев загрижен дека нема да ме примаат заради мојот македонски акцент. Но, многу бев среќен што токму јас како Македонец сум во 72. натпреварувачи одбрани од целиот свет. Сега, пак, влегов во конкуренција од само 24 натпреварувачи од цел свет, од САД, Канада, Јапонија и јас од Австралија - вели Ване.
Ване не е само популарен кај нашинците низ Австралија, туку и низ австралиските медиуми. Од телевизијата "К-7", една од најгледаните во Австралија, Ване го снимале дури три часа. (В.М.)


Текстот е прочитан 6917 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter