Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.03.2017, 15:23

И ГЕРМАНСКАТА КАНЦЕЛАРКА СМЕТА ДЕКА ЕДИНСТВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА НЕ ЗНАЧИ И УНИФОРМИРАНОСТ

Меркел е за ЕУ во две брзини

Германската канцеларка Ангела Меркел е меѓу европските лидери кои не ја исклучуваат идејата за "Европска Унија во две брзини", што би значело дека во Унијата би можеле да функционираат различни нивоа на интеграција меѓу земјите членки.

Меркел за време на средба со францускиот претседател Франсоа Оланд, шпанскиот премиер Маријано Рахој и италијанскиот премиер Паоло Џентилиони, изјавила дека некои земји членки треба да имаат храброст за да одат напред, доколку другите не сакаат да учествуваат во некои проекти.
- Европа со различни брзини е неопходна инаку веројатно ќе се најдеме заглавени. Ако Европа заглави и не се развива понатаму, тогаш овој процес може да влезе во опасност многу побрзо од што можете да замислите, изјави Меркел.
Според францускиот претседател Оланд, "единството не значи униформност", а за идејата за различно ниво на интеграција во ЕУ согласни се и Шпанија и Италија, чиј премиер Џентилиони се залага за поголемо единство кое дозволува различно ниво на интеграција.


Текстот е прочитан 1518 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter