Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.02.2017, 15:44

КАТАСТАР

Сите институции ќе ги стандардизираат своите податоци

Претставници на 20 државни институции, со користење европски искуства се обучуваат да креираат и стандардизираат геопросторни податоци во своја надлежност, со што ќе овозможат да бидат достапни преку геопорталот за национална инфраструктура на просторни податоци на Катастарот.

Претставници на Државната геодетска управа на Хрватска и на Шведскиот катастар, на работилница пренесоа искуства за изработка на метаподатоците и нивна валидација. Ќе се подготви и регистар на збирки на просторни податоци со кој точно ќе се дефинираат надлежностите од 32 сета просторни податоци кои ги има Македонија. Целта на работилницата е да се зголеми свесноста за потребата од развивање и споделување геопросторни податоци преку сервиси, во согласност со европската директива.

"Ова е добра можност сите државни институции своите сетови на просторни податоци да ги стандардизираат, тие што ги немаат да ги соберат, точно да се определи кој за што е надлежен, да се направат метаподатоци за производите кои ги имаат, и сите сплотени заедно да се објават, односно да зрачат кон националниот геопортал", изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Според Томислав Цицили од хрватската Државна геодетска управа, воспоставувањето на националната инфраструктура на податоци влијае на транспарентноста на податоците од јавниот сектор во областа на просторните податоци.

Тоа е всушност првпат податоците на јавниот сектор систематизирано и транспарентно да се претстават пред сите, што индиректно ќе придонесе за зголемување на квалитетот на податоците, а крајните корисниците од едно место ќе имаат пристап до сите податоци што на сите ќе им го олесни животот", изјави Цицили.


Текстот е прочитан 1658 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    
Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter