Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.04.2017, 12:36

Спречен напад во текот на изборната кампања во Франција

Двете лица кои вчера беа уапсени во Марсеј им биле познати на француските тајни служби и досегашната истрага утврди дека подготвувале напад чија цел била изборната кампања за претседателските избори.

По неколку дена потера, полицијата вчера во Марсеј ги уапаси француските државјани Клемент Б. (23) и Махеидин М. (29), на само пет дена пред првиот круг од изборите.

На прес-конференција јавниот обвинител на Париз, Франсоа Молан, ја поздрави „извонредна работа“ на истражните органи со е спречен „неминовен напад“, но притоа рече дека е невозможно во оваа фаза да се утврди датумот и целите на напаѓачите.

Некои елементи сепак укажуваат дека целта на нападот била изборната кампања, па главните кандидати биле предупредени за заканата кон крајот на минатата недела и притоа е зголемена нивната безбедност.

Во станот изнајмен од страна на двете осомничени лица се пронајдени еден автоматски пиштол од марката „Узи“, две други оружја со шаржери, ловечки нож, план на градот Марсеј, торба со метални шрафови, качулка и камера.

Полицијата откри и три килограми експлозив, од кои еден килограм бил подговтен за употреба. Овој експлозив е тежок за транспорт, бидејќи е многу нестабилен, па полицијата смета дека нападот бил планиран за во регионот на Марсеј.

Двајцата осомничени се запознале во 2015 година за време на издржување на затворска казна во затворот „Секедан“ на северот од Франција. Помладиот, Клемент Б., го прифатил исламот на возраст од 14 години во контакт со чеченската заедница во Ница, а постои сомневање и дека престојувал во Сирија по неговото ослободување од затвор на почетокот од 2015 година.

Неговиот соучесник, Махиедин, е осомничен дека се обидел да набави оружје по неговото ослободување од затворот во 2016 година. Неговиот стан во Рубе бил пребаруван на 7 декември 2016 година, кога било откриено знаме на организацијата Исламска држава и џихадистичка литература, но Махиедин не бил пронајден.

Махиедин исчезнал по пртресот и никогаш не му бил предаден налогот за куќен притвор. По четири месеци, на 4 април, тој на полицијата во Рубе и ја испратил неговата лична карта и банкарска картичка, проследени сопораката: „Јас медитирам. Здраво!“.

- Јас ви ги давам мојата лична карта и мојата банкарска картичка, бидејќи поради вас не можам да ги користам повеќе. Јас наскоро ќе се предадам и ние ќе разговараме. Вие полицајци, што сакате од мене? Дозволете ми да дишам, јас немам ништо да кажам. Јас живеам од љубов и свежа вода, јас медитирам. Оставете ме на мира. Здраво!, напишал во пораката Махиедин, кој е осудуван 12 пати во последните десет години за разни кривични дела.

Според обвинителот Молан, информациите собрани преку „меѓународна соработка“ овозможија полицијата да дознае дека Махиедин подготвува напад и дека се обидува да испрати видео во кое ќе се заколне на верност на ИД.

Неговиот соработник, Клемент Б. бил под истрага во Белгија поради врски со џихадистички движење во оваа земја, каде извесно време живеел под лажен идентитет во градот Вервие.

Полицијата дознала дека двајцата пристигнале во Марсеј на крајот на март под лажен идентитет.

Француското Министерство за внатрешни работи презеде вонредни мерки за зајакната безбедноста на одредени митинзи и на седиштето на изборните штабови на претседателските кандидати, пред се на Франсоа Фијон и Марин Ле Пен, кои денеска треба да одржат митинзи во Марсеј.

Повеќето кандидати реагираа умерено на апсењата.

За обезбедивање 67.000 избирачки места во Франција, ќе бидат мобилизирани повеќе од 50.000 полицајци и жандарми, поддржани од околу 7.000 војници, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи на Франција.


Текстот е прочитан 235 пати.
#
Емануел Макрон и Марин Ле Пен одат во вториот круг за претседател на Франција
Французите гласаат, ЕУ се тресе
Хидвеги: Сорос даде 3 милиони евра за да создаде опозиција во Унгарија
Косовски медиуми: Можно е Харадинај да биде кандидат на опозицијата на вонредните избори во Косово
Трамп: Со Меркел почувствував „неверојатна хемија“
20 деца загинаа во сообраќајна несреќа во Јоханесбург
Напаѓачот од Шанзелизе бил потенцијален радикален исламист
ИД ја презеде одговорноста за нападот на Елисејските полиња во париз
Еден полицаец убиен, а еден ранет во престрелка на Шанзелизе во Париз
Бил Гејтс: Може да се случи биотерористички напад со 30 милиони жртви

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter