Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.02.2017, 00:56

Хан: Еден погрешен збор и Западен Балкан може да пламне

Комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за интернет изданието на германскиот весник „Цајт“ вели дека во интерес на ЕУ е во Македонија да има стабилност и развој на правната држава.

Според австрискиот политичар ЕУ многу се ангажирала во надминувањето на македонската криза и очекува по слободните и фер избори и постигнатите резултати, развојот на Македонија да продолжи со процес на еволуција.

- Наш интерес е Македонија да биде стабилна и да продолжи владеењето на правната држава. Сите земји на Балканот треба да имаат европска перспектива. Тоа значи дека треба да се постигне промена во еден еволутивен процес. Ние се ангажиравме многу и издејствувавме многу резултати. По сите напори имаше слободни и фер избори. За земјата е подобро со одредена доза на напор развојот да продолжи мирно, вели Хан запрашан дали тие што две години протестираа против владата на поранешниот премиерот Никола Груевски се разочарани и се чувствуваат оставани сами од ЕУ.

На прашањето дали Западен Балкан може да биде загубен за ЕУ, еврокомесарот вели дека за Брисел е најдобро таму да нема немири и нестабилност затоа што тоа може да го зголеми притисокот на имигрантите од регионот за ЕУ. За Хан во регионот има надеж затоа што економскиот раст на пазарот каде што живеат 20 милиони луѓе е двојно поголем од растот во ЕУ, а тамошниот пазар може дополнително да биде развиен. Предуслов за тоа според австрискиот политичар е регионот да биде стабилен и да има правна сигурност.

Според Хан, последниот конфликт меѓу Приштина и Белград е доказ за неговата теза дека и покрај тоа што сите земји во регионот направиле прогрес тоа не е доволно за да биде обезбедна долгорочна стабилност.

Тој смета дека еден погрешен збор може да доведе до конфликт и затоа Европската комисија мора да се ангажира за поголем економски развој. - На луѓето им треба перспектива, има висока невработеност кај младите, има одлив на образовани луѓе и ЕК мора да ги запре овие процеси, смета Хан.

Во врска со таканаречениот „Берлин процес“ во кој по иницијатива на Германија земјите од регионот секоја година се среќаваат за да разговараат за прашања како транспорт, енергетика и младинска размена, е добар начин на комуникација затоа што го засилува поврзувањето на земјите и општествата. Со овој процес, вели Хан, ЕУ сака да го намали апетитот на земјите за конфликт во регионот.

Еврокомесарот индиректно ја критикува Европската унија за својот однос кон Западен Балкан. Според него, Брисел не може во исто време да говори за правна држава и демократија и да продолжи луѓето од западниот Балкан да ги поместува тука и таму како на шаховска табла.

Хан предупредува дека балканскиот национализам не е резултат само на односот на ЕУ кон регионот и подигнувањето на ѕидови кое, како опција за однос кон Балканот постои во унијата, туку и на активностите на Русија, кои тој не може да ги нарече хибридна војна, но сепак се обид да се влијае на развојот на настаните во регионот.

Според него, ЕУ е во подобра позиција од Русија во регионот затоа што земјите од западниот Балкан се силно ориентирани кон Брисел и затоа секој политичар што сака да бие повторно избран на функција мора да биде насочен кон Унијата.

За Хан целта на ЕУ мора да биде насочена кон членство на сите земји од западниот Балкан во ЕУ затоа што споредувајќи го регионот со тава полна со масло вели дека само едно запалено чкорче би било доволно за се да пламне.


Текстот е прочитан 1321 пати.
#
Путин е најбогатиот човек на светот?
Имигранти цела ноќ дивееја во Стокхолм
Сорос со своите милијарди ќе прави долготрајни протести против Трамп
„Брајтбарт“ стана трет најчитан информативен Интернет медиум во САД
„Брајтбарт“ открива: Сорос со своите милијарди планира долготрајни протести против легално избраниот претседател Трамп
Масовни протести против Еди Рама
Путин ќе ги зближува КГБ и ЦИА
Опозицијата на протест пред Собранието на Црна Гора
Ротшилд ќе ја спасува Грција од банкрот
Поп сакал да го отруе владиката

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter