Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 14:57

Вардар Јуниор лигата се враќа на сцената, а девојките од Будимир Вардар спремни за новиот предизвик

По речиси двомесечна пауза викендов повторно продолжуваат возбудувањата од Вардар Јуниор лигата.

Над 600 момчиња и девојчиња се подготвени за 7. коло од најмасовната ракометна детска лига во земјава. Во следниве месеци повторно ќе се дружиме и ќе навиваме за момчињата и девојките од генерациите 2000/01, 2002/03 и 2004/05, како и најмалите учесници – генерацииите 2006/09 кои играат мини ракомет.

Паузата ја искористивме за натпреварите од зимскиот турнир „Еден живот, една љубов", а по завршувањето на зимскиот распуст децата стартуваа со тренизните и подготовките за лигата. Но, за Олгица, Јана, Вероника, Ева и Роза од ракометната школа Будимир Вардар паузата е само одложување на она што на нив најмногу им значи, натпреварите од лигата кои со нетрпение ги чекале.

Олгица Јованова, Јана Златановска и Вероника Петрова се дел од тимот на Будимир Вардар го генерацијата 2000/01. На позицијата лево крило во екипата може да ја препознаете Вероника Петрова која веќе 4 години тренира ракомет, и како што самата вели зависна е од ракометот.

    „Тренирав тенис, ама се појави некоја реклама за ракомет и почнав да тренирам како хоби. Но, станав зависна и сега, кога имаме паузи на лето и за зимскиот распуст, не можам да доседам мирна зашто ми недостига ракометот. Среќна сум што ги имаме зимскиот турнир и лигата. Турнир ни дава можност после празниците да ја потрошиме насобраната енергија, а со тоа и да се релаксираме и да заборавиме на обврските, училиштето или учењето. Додека Јуниор лигата е супер крај за неделата. После сите случувања во училиштето, прекрасно е чувството кога за викенд максимално ќе се истрошиш на терен. Тоа е мојата најголема мотивација во ракометот – чувството кога ќе стапнам на теренот. На натпреварите се сретнувам и со деца од мојот клас, но играат за други клубови. И сите играме страсно и без резерви, се туркаме и бориме за секоја топка или акција, а потоа во училиште си помагаме и се дружиме", вели Вероника.

Љубовта кон ракометот ? ја всадило семејството, кое отсекогаш било силен поддржувач на репрезентацијата, а сега, заедно со родителите на останатите девојки од тимот, навиваат за ќерките во екипата Будимир Вардар. Вероника е многу добра другарка со Јана Златановска, која игра на позиција пикер. Јана е родена 2002 година, и се натпреварува со постарата категорија, а со Вероника се запознале во клубот, и уште посилно се здружиле на турнирите и во лигата.



    „Најмногу се дружиме со Вероника зашто блиску живееме. Секој ден се гледаме или се слушаме по телефон, излегуваме по натпревари, а немаше да се знаеме да не беше ракометот. Јас тренирам веќе 6 години, а одлуката да тренирам ракомет ја донесов сама. Нормално потоа родителите ми помогнаа, но инспирација ми беше тетка ми Елена Златановска која во 2002 година со Кометал ја освоија Лигата на шампионите. Таа отсекогаш многу ми зборувала за ракометот, а сега понекогаш и ме советув. Мене ова ми е прва година во лигата. Ми се допаѓа како играме, стекнуваме нови пријателства, а трета година по ред учествував на турнирот. Имавме можност да играме со тимови со кои не се среќаваме во лигата, но и да навиваме за тимовите во други категории. Од другите групи, на апример, ми се допадна како играат девојките од Балтепе, кои играа заедно со Шампион", вели Јана.

Девојчињата објаснуваат дека ракометот во споредба со другите групни спортови овозможува директен контакт со противникот, поради што е важно да научат и техники како да паѓаат, да се постават во напад или одбрана, за да не се повредат. Во овој дел силна поддршка и знаење добиваат од тренерот Андријана Будимир и нејзиниот помошник Сашо Сотировски со кои три пати неделно имаат тренинзи.

Според капитенот на екипата Олгица Јованова, тренерите даваат максимум да им ја пренесат ракометната игра.

    „Ова ми е прва година во Вардар Јуниор лигата, и задоволна сум. Натпреварите ни даваат шанса за дружба со децата, но и можност да научиме нови работи, како и да учиме и од нашите грешки. Најмногу учиме од нашите тренери Андријана Будимир и Сашо Сотировски кои даваат максимум од себе да ни покажат и да ни помогнат. Од друга страна во клубот се запознав и со многу нови пријатели. На пример, најмногу се дружам со Даринка Михајловска со која заедно тренираме. Како капитен понекогаш сум погласна додека играме, но важно е да си помогнеме и да се поддржиме за подобар резултат. Сакам да успеам во спортов, го сакам и сакам да покажам што можам", вели Олгица, на која ракометот и се вовлекол под кожа по првото освоено место на општински натпревари.

Олгица во играта најмногу ја мотивираат погодоците, а како што вели на секој натпревар постигнува во просек 5 до 6 голови.

Од генерацијата 2002/03 денеска ви ги претставуваме Роза Анастасовска и Ева Атанасова.
За Роза Анастасовска учеството во лигата и помага да ја развие ракометната игра.

    "Тренирам 4 до 5 години, а го одбрав зашто сметам дека ова е најубавиот спорт. Бројните натпревари, пак, штопреку Ракометната академија Вардар имаме можност да ги играме, многу ни помагаат за унапредување на ракометната игра и техники. Вежбаме акции, но на натпреварот учиме кога е добро изведена, а кога сме згрешиле и најважно преку играта добиваме шанса да ги корегираме грешките. Она што мене најмногу ме мотивира на натпреварот е самата победа", вели Роза.

Нејзината соиграчка Ева Атанасова, ракомет тренира 6 години, а на мечевите во лигата можете да ја видите како се натпреварува со постарата 2000/01 генерација.

    „Имам сменето повеќе клубови и повеќе тренери, но Андријана е одличен тренер. Со нас се однесува многу добро и многу е посветена на нас, и ја добиваме потребната поддршка, за да напредуваме и да се развиваме како ракометари. Тренерите, како и соиграчите и родителите се најголемата мотивација за да дадеш максимум во играта. А играме со силни екипи. Јуниор лигата, како и зимскиот турнир, воопшто не се лесни зашто има силни противници, кои играат добро на сите натпревари, и мора да дадеш максимум за добар резултат. Овој спорт го избрав зашто од мали години го сакав и самата одлучив дека ќе тренирам ракомет. Затоа и тренирам напорно и ќе продолжам така и се надевам дека еден ден ќе заиграм и за првиот тим на Вардар", вели Ева.

Девојчињата од Будимир Вардар, в недела ќе бидат на терените во салите во спортскиот центар „Јане Сандански". Ве очекуваме заедно да навиваме.

Можете да н? следите и на нашата страница на Фејсбук – Ракометна академија Вардар.


Текстот е прочитан 877 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter