Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 15:13

Субвенции од 31 милион денари за домашна документарна и играна програма

Триесет и еден милион денари изнесуваат субвенциите за годинава од државата за продукција на домашна документарна и играна програма.

Одлуката за максималниот износ на надомест за покривање на трошоците за производство на домашна документарна програма и домашна играна програма ја донесе Владата на последната седница, информира денеска на прес-конференција заменик-министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски.

Државата исплаќа надомест за покривање 50 проценти од трошоците при производство на документарна и играна програма на националните телевизии и јавниот радиодифузен сервис од 2014 година.

- Телевизиските радиодифузери при доставување предлог проект треба да ги имаат предвид одредбите од Уредбата за структура на трошоците, како и одлуката за максималниот износ на надоместот за покривање на трошоците во висина од 50 проценти при производство на домашна документарна и домашна играна програма. Работата е максимално транспарентна, објективна, без фаворизирање, а единствените критериуми се почитување на професионалните стандарди и обезбедување комплетна документација која се бара за аплицирање со јавниот повик, рече Муцунски.

Како што појасни, предвидени се професионални стандарди коишто медиумите треба да ги исполнат за да може нивниот проект да биде одобрен. Стандардите опфаќаат сценарио за ТВ филм или за секоја епизода за ТВ серија, кратка содржина за документарна програма, технологија за продукција за домашна играна програма, рок и динамика за производство со назначување на локациите на снимање, предвидени ресурси за произвдоство, финансиска конструкција на проектот со детален приказ на трошоците...

За изборот на проектите кои ќе бидат субвенционирани одлучува меѓуресорска комисија во која членуваат стручни кадри од министерствата за култура, информатичко општество и администрација, и за финансии, агенциите за филм и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Управата за јавни приходи, Канцеларијата на претседателот на Владата на РМ.

Според заменик-министерот Муцунски, во изминатите две години македонските национални медиуми и јавниот сервис произвеле и квантитена и квалитетна сопствена програма, иако, како што потенцира, постоел извесен скептицизам кај одредени субјекти за успешноста на овој проект.

- Денешната програмска понуда е збогатена со разни видови програмски содржини од различни области, историја, култура, традиција, фолклор, детска програма, а посебно е карактеристично што значително заживеа и творештвото на играна програма. Сето ова ја раздвижи домашната продукција и дополнително се ангажираа разни профили на кадри од телевизискиот сервис, како што се продуценти, сценаристи, режисери, актери, тон мајстори, камермани, што не беше својствено во годините пред тоа, рече Муцунски.

Надоместот за покривање 50 проценти од трошоците при производство на документарна и играна програма на националните телевизии и јавниот радиодифузен сервис се утврдува согласно член 92 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски политики.


Текстот е прочитан 933 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter