Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ Убава Македонија Невреме август 2016
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.08.2015, 15:30

Се удавија 200 бегалци на патот до Европа во Средоземното море

ЛИБИЈА (АП) - Либиските служби собираа тела на мигранти кои се удавија кај крајбрежниот град Зувара и се стравува дека има 200 мртви во најновата катастрофа во која настрадаа очајни луѓе кои се обидуваат да стигнат до Европа.

Фотограф на "Асошиетед прес" на местото на настанот видел како службите извлекуваат тела од водата и го креваат потонатиот брод во пристаништето во кое уште имаше удавени жрви кои лебдеа со лицата во вода. Најмалку еден од нив носел појас за спасување. Телата беа спакувани во кеси и наредени на крајбрежјето.
Хусеин Ашени, шеф на либискиот Црвен крст во Зувара рече дека најмалку 105 луѓе загинале од кои дел биле заглавени внатре во бродот откако се превртел. Рибари и крајбрежната стража го нашле превртениот брод во вода и го влечеле до Зувара каде морале да ја скршат палубата за да стигнат до луѓето заглавени внатре.
"Бродот потонал в море и тимови на крајбрежната стража уште нуркаат и проверуваат дали има некој внатре", рече тој. Има различни извештаи за бројот на жртви и Црвениот крст уште ги брои телата и преживеаните, додаде тој. Во соопштението на агенцијата за бегалци на ОН стои дека околу 200 луѓе се водат за исчезнати и се стравува дека се мртви откако вчера либиската крајбрежна стража спроведе операција за спасување за два брода што се смета дека пренесувале 500 мигранти.
Отман Белбеиси, шеф на мисијата за Меѓународната организација за миграција во Либија, рече: "Уште чекаме повеќе детали, но дознавме дека имало 400 луѓе на двата брода." Тој додаде дека 100 луѓе се спасени од кои девет деца и две девојчиња.


Текстот е прочитан 1638 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

УБАВА МАКЕДОНИЈА: Пелистер
По повод 25-годишнината од независноста на Македонија, „Вест“ прави голема...
УБАВА МАКЕДОНИЈА: Mерак на мандра
По повод 25-годишнината од независноста на Македонија, „Вест“ прави голема...

ИЗЛОГ
Шопинг
Пишува Лејла САБИТ - Попустите ве тераат да купувате......

Дизајнерски скици на новата „Киа Рио“ за 2017
Корејскиот производител на автомобили "Киа" ги објави дизајнерските скици ...
Форд GT вреден 450.000 долари стекна голема популарност, компанијата двојно го зголемува производството
Тие кои издвоиле 450.000 долари и се обиделе да го порачаат Фордовиот супе...
И „БМВ“ мора да повлекува возила - регистриран лош „вар“ на сериите „М5“ и „М6“
"БМВ" од американскиот пазар под итно ќе повлече 956 модели од линиите "М5...

ФотоСедум дена по невремето во Скопје
ХУМАНОСТ
ХУМАНОСТ
Апел за помош на малата Ели
Топол дом за Жиката од Прибилци
Да и` помогнеме на Матеа побрзо да се врати во училиште кај своите другарчиња

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Краставици во кисела павлака
Приготвување: краставиците по должина пресечете ги, исчистете ги од семкит...
Site Meter